(ВИДЕО) Кржалоски: Од понеделник СДСМ ќе остават илјадници ученици без книги

Од:

„СДСМ ги разочара младите. Повеќе од една година како СДСМ е на власт, а разочарувањата ги надминуваат дури и ветувањата. Образованието е сегмент кој најмногу настрада од неодговорната политика. Иако бевме сведоци на многу најави за инвестиции, реформи и подобри услови, нема ништо од нивна реализација.

Од понеделник стартува учебната година, а илјадници основци и средношколци ќе ја почнат годината без учебници. Како што известија медиумите учебници ќе нема за поголем број на предмети низ целата држава. Ова е резултат на неодговорноста на власта. СДСМ имаше доволно време да обезбеди учебници, но не го направи тоа. СДСМ не направија ништо, дури ни она што го ветуваа како приоритети“, рече Лука Кржалоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Едно од најголемите ветувања на СДСМ беше дека ќе започне со изградба на нови средни училишта во Тетово, Аеродром, Арачиново и Ново Село и тоа уште во првите 6 месеци откако ќе дојдат на власт. Денес, после повеќе од една година, нема ништо од најавеното. Проектите не се ни на повидок.

СДСМ вети дека ќе го реализира предлогот кој дојде токму од УМС во предизбoрната кампања – „Математичка гимназија“. Сепак, во општина Аеродром локацијата се уште е празна ливада. Проектот воопшто не е ни почнат.

СДСМ вети и дека ќе изврши намалување на бројот на ученици во основното и средното образование во паралелки од 25 ученици. Но единствено на што работи е забрзување на трендот на иселување наместо реогранизација на наставата.

Најголемите ветувања на СДСМ беа насочени кон студентите. Ветуваа изградба на студентски град и тоа во првите 6 месеци од преземањето на функцијата и подобар студентски стандард, погодности за студентите и младите невработени. После повеќе од 14 месеци власт, овие проекти останаа на хартија а студентите се измамени.

СДСМ лажеше и манипулираше. За повеќе од една година покажаа дека немаат намера да направат нешто за младите.

Образованието на една земја е нејзината иднина и затоа мора постојано да се вложува за младите да учат во услови кои им доликуваат. СДСМ ниту има капацитет, ниту знае што да направи.

Затоа и мора да си замине.

ВМРО – ДПМНЕ во новата програма планира пристапи кои ќе ги поттикнат најдобрите студенти, ќе направат мост помеѓу образованието и бизнис заедницата, ќе ги подобри состојбите во образованието и ќе понуди остварливи цели за нормализирање на животот на младите, тука, во Македонија.

Нас младите ни се во фокусот, а решенијата реални и остварливи!“, изјави Лука Кржалоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ