Џиновска лигња изненади тројца нуркачи на плажа јужно од Велингтон во Нов Зеланд.
Браќата Даниел, Џек и Метју Алпин кога дошле на вообичаеното утринско нуркање нашле исклучително голем примерок на главонога (Cephalopoda).
Тие го измериле животното кое било долго 4,2 метри и се фотографирале со него.
Потоа го повикале новозелантскиот Национален иститут за истражување на вода и атмосфера, кој ја преземал џиновска лигња.