МОСТ: Граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список

Од:

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ги повика граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија, како и на интернет-страницата http://izbirackispisok.gov.mk. Увидот во Избирачкиот список за претстојниот референдум трае до 23 август.

Од МОСТ информираат дека како и на сите изборни процеси, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе можат да пријавуваат евентуални нерегуларности поврзани со референдумот.

Граѓанската асоцијација МОСТ во досегашното свое постоење, покрај сите национални и локални избори во Македонија почнувајќи од 2002 година, го има набљудувано и референдумот на државно ниво во 2004 година, како и трите референдуми на локално ниво – во општина Чешиново-Облешево во 2004 година, во општина Радовиш во 2007 година и во општина Центар во 2015 година.

Оваа активност, како што наведуваат од асоцијацијата, претставува надоврзување на досегашните активности, со што МОСТ се надева дека ќе даде придонес кон обезбедување на повисоко ниво на транспарентност на целокупниот референдумски процес.

Би можело да ве интересира

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември

Горан Наумовски