Докторка од Велика Британија заврши во притвор во Дубаи поради чаша вино што ја испила на авионскиот лет од Лондон.
Нејзината четиригодишна ќерка пак, е исто така сместена во посебна институција.
Д-р Ели Хофман во јули минала три дена во казнено-поправната установа, каде наводно била принудена да чисти тоалети и не и давале вода.
Во Дубаи, град што претставува еден од седумте Обединети Арапски Емирати, е забрането пиење алкохол на јавни места.