Битолчанец повреден во пожар во семејната куќа

Од:

Битолчанецот С.С. (58) синоќа се здобил со повреди додека се обидувал да го изгасне пожарот кој ја зафатил неговата куќа лоцирана на улицата „Лавчански пат“ во Битола. Тој бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Како што информира денеска МВР, пожарот избувнал синоќа околу 19.35 часот во една од собите, а во тој момент С.С., кој живеел сам, бил во куќата.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Битола.

Во Единицата за информации и команда во Скопје вчера Д.Ф. (64) од скопското село Инџиково пријавил дека истиот ден околу 13:20 часот, најверојатно од страна на непознат сторител, бил предизвикан пожар на околу 1.500 бали детелина и слама во дворното место од неговата куќа во селото.

Пожарот се проширил и на друга локација каде била опожарена слама. Повредени лица нема, а причинета е материјална штета.

Полицијата презема мерки за расчистување на овие случаи.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација