Аудиција за избор на вокален интерпретатор, кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг 2018, ќе биде одржана во сабота (18 август), со почеток од 10.00 часот, информира Македонската радио телевизија.
Пријавувањето за аудицијата, што ќе се спроведе во студиото М-3 на Македонската радио телевизија, е отворено од 6 до 16 август 2018 година.
Децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација, што ќе биде одржана на 25 ноември 2018 година.
Тие треба да исполнат две композиции по сопствен избор, а дозволен е и караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук аудио ЦД.
Овогодинешниот Јуниорски Евросонг ќе се одржи во Минск, Белорусија.