ДУИ обвинува за незаконски тендери, Таравари негира

Од:

Тендерите на општина Гостивар ги раскараа ДУИ и градоначалникот Арбен Таравари.

Од гостиварскиот огранок на ДУИ испратија неколку соопштенија до медиумите, со обвинувања дека локалната власт на чело со Таравари, направила сериозни злоупотреби и прекршувања на тендерските постапки.

„Таравари тврди дека јавните набавки се направени на совршен начин и во согласност со законот, но надлежните институции се изјасниле поинаку. Државната комисија за жалби на јавните набавки, донесе решение во кое се констатирани повреди во однос на јавните набавки за хоризонтална сигнализација на улиците и патиштата во Гостивар. Поради утврдување на повреда на Законот за јавните набавки, комисијата ја укина одлуката за избор на најповолна понуда и ја поништи постапката“, реагира ДУИ.

Од гостиварскиот огранок на ДУИ се сомневаат во законитоста и на тендерот за изработка на идејно решение за Аква парк во Гостивар. Велат кој вдека е доделен на фирма која го подготвила проектот пред да биде објавен огласот. Според огранокот, во концептуалниот дизајн на компанијата која ја добила јавната набавка, јасно се гледаат фотографии, направени за време во зимската сезона, а тендерот како што велат бил објавен во мај.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари одговори со отфрлување на сите обвинувања. Вели дека како локална самоуправа работат во согласност со законите.

„Ние сме сериозна власт и работиме како што треба. Тендерот за Аква паркот беше за изработка на идејно решение, не за изградба на паркот. Изборот го направи комисија, а не јас. Знам дека најдобриот проект е на реномирана фирма од Скопје. И другите два проекти кои беа на автори од Гостивар беа одлични, но имаа недостатоци“, изјави Таравари.

Тој ги повика граѓаните да ги следат јавните набавки, тие се јавни, да се информираат и да направат увид во документите, а доколку забележат неправилности да пријават во надлежните органи.

Би можело да ве интересира

Министерот за здравство Таравари најави нови разрешувања, спојување на Клинички центар и децентрализација на здравството

ДУИ: Моноетничката Влада го укинува Охридскиот договор, ја намалува правичната застапеност од 29,5 на 25 отсто

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале во целост препораките на Државниот завод за ревизија

Катерина Ѓуровски

Таравари: Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската Унија

Горан Наумовски

Автомобил паднал во Лакавичка река – тешко повреден возачот и негов сопатник