Оставка на шефот на малезиската цивилна авијација четири години по несреќата

Од:

Шефот на малезиската цивилна авијација Азарудин Абдул Рахман поднесе оставка поради пропустите кои вчера беа соопштени во извештајот на независната истрага за исчезнувањето на малезискиот авион на летот МХ370 пред четири години.

Тој додаде дека во извештајот не е наведено дека цивилната авијација е виновна за исчезнувањето на авионот, но е утврдено дека центарот за контрола на летање не ги почитувал процедурите за работа.

– По многу размислување сам одлучив да поднесам оставка, посочи Рахман, додавајќи оти од работното место ќе замине за две недели.

Исчезнатиот авион Боинг 777 леташе од Пекинг за Куала Лумпур кога над Индиски Океан му се губи секаква трага. Беа најдени само три дела од крило на брегот на Индиски Океан.

Истрагата ги потврди првичните информации дека авионот ја променил насоката на движење и седум часа возел во новата насока, по што се губи секаков контакт со него.

Не е исклучена можноста да имало надворешен фактор кој влијаел во исчезнувањето на авионот, но не е утврдено каков. Исто така, се наведува дека не е исклучено во исчезнувањето да е вклучена и трета страна. Според наодите од извештајот од 495 страници, промената во курсот на авионот е направена рачно, што ја исклучува хипотезата дека авионот можеби бил киднапиран од далечина.

Групата проценува дека најверојатната локација на уривањето на леталото со 239 патници и членови на екипажот е некаде над јужниот дел на Индискиот Океан. Претходно оваа година, и второто пребарување на компанијата „Оушн Инфинити” по остатоците од авионот не даде резултати. Тоа траеше три месеци и заврши на 29 мај. Пребарувањето покривало површина од 112.000 квадратни километри во јужниот дел на Индиски Океан.

Претходно Австралија, Кина и Малезија неуспешно ја завршија потрагата на 120.000 километри квадратни во Индиски Океан, што чинеше 147 милиони долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во воздух се судрија два малезиски воени хеликоптери, загинаа десетмина

Малезија бара нова истрага за исчезнатиот МХ-370

А1он

Малезија има нов крал

Малезија: Најмалку 10 загинати по авионска несреќа на автопат

Во близина на Малезија се запали танкер, спасени се 25 членови на екипажот, тројца се водат за исчезнати

Горан Наумовски

Феро Инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Горан Наумовски