Заев вечерва во Мостар ќе се обрати на традиционалната манифестација „Mostar Peace Connection“

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вечерва ќе присуствува на традиционалната манифестација во Мостар, „Mostar Peace Connection“.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев заедно со организаторите од Центарот за мир и мултиетничка соработка, претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, како и со добитниците на наградата, „Мостарска повелба на мирот“, ќе пушти цвеќе од Стариот мост на Неретва, во знак на мир.

Наградата „Мостарска повелба на мирот“ годинава ја добиваат грчкиот премиер Алексис Ципрас и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, додека лани добитник беше премиерот Заев.

По потпишувањето на Мостарската повелба за мир од страна на добитниците на наградите, каде ќе присуствуваат и актуелни и поранешни лауреати, политичари од БиХ, регионот и пошироко ќе се обрати премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Уапсени две воспитувачки во градинка во БиХ – обвинети за психичко насилство врз дете

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Му го исече вратот на сопругот, па сама се пријави во полиција – мажот преживеа

А1он

Пијан и дрогиран уби 19-годишна девојка, доби само три години затвор

А1он