Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Од:

Претседавачот на Поткомитетот за Европа при американскиот Конгрес, Кит Селф, изјави дека не е исклучена можноста БиХ да се распадне.

„Распадот на БиХ веројатно не е надвор од доменот на можното, особено имајќи ги предвид ставовите на Република Српска“, рече Селф на сослушувањето во Конгресот за американската политика и безбедносните предизвици на Западен Балкан.

Селф истакна дека Вашингтон не сака во БиХ да се задржи траен меѓународен надзор, укажувајќи дека прашањето за улогата и одговорноста на Канцеларијата на високиот претставник (OHR) и понатаму предизвикува поделби во земјата.

Тој наведе дека следниот висок претставник мора да прифати дека крајната цел е затворање на OHR кога за тоа ќе бидат создадени соодветни услови.

Тој укажа дека функцијата висок претставник не е трајна и потсети дека целта на високиот претставник била да ги подготви властите на БиХ да преземат целосна одговорност за сопствените работи, без потреба од меѓународен надзор или управување.

Осврнувајќи се на делувањето на Кристијан Шмит, Селф рече дека некои од неговите интервенции ја дестабилизирале БиХ.

„Со оглед на проблемите што Вашингтон ги има со различни европски организации, зошто не би сакале следниот висок претставник да биде Американец?“, праша Селф.

Заменик-помошникот државен секретар Даниел Лотон рече дека американската администрација не сака да види прекумерен меѓународен интервенционизам со кој се навлегува во суверенитетот на БиХ.

„Ерата на наметнато градење држави однадвор е завршена. Ги повикуваме локалните лидери да најдат локални решенија за локалните проблеми“, рече Лотон.

Потсетувајќи дека следниот месец во БиХ се одржуваат општи избори, Лотон рече дека американската администрација е подготвена со новото раководство да работи на заедничките интереси.

„САД се стремат кон стабилен, мирен и просперитетен Западен Балкан кој придонесува кон регионалната и глобалната безбедност“, рече Лотон и додаде дека тоа е важен регион за американските интереси.

Лотон не ја исклучи можноста новиот висок претставник во БиХ да биде Американец, потсетувајќи дека европските земји не успеале да постигнат согласност за тоа.

Би можело да ве интересира

До смрт ја претепа двoмесечната ќерка – осуден е на 58 години затвор

А1он

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите запалија полицаец, гореше министерство, летаа камења и молотови коктели

Предраг Петровиќ

Бошњаците во австриски град сакаат да изградат џамија и културен центар, десницата се противи