Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Од:

Пожар на подрачјето на Пресјеница, во општина Трново во Федерацијата БиХ, се заканува на станбени објекти, а огнот во моментов гори на минирана и непристапна територија.

Ситуацијата дополнително ја отежнуваат силниот ветер, високите температури и непристапниот терен.

Пожарникарите засега не можат да интервенираат бидејќи пожарот се наоѓа во минско поле, но се распоредени под линијата на пожарот и се подготвени да реагираат веднаш штом огнот се прошири надвор од минираната територија.

На теренот се ангажирани пет противпожарни возила. Во гаснењето учествуваат противпожарните друштва од Илиџа, Трново и Алипашин Мост, Професионалната противпожарна бригада, како и екипа на „Сараево-шуми“.

Би можело да ве интересира

Пожар во населбата Даљан во Охрид, има повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Нови тензии во БиХ: Повторно се отвора прашањето за поделба на државата

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски