Уште еден полицаец загина за време на вакцинирање на деца во Пакистан

Од:

Пакистански полицаец загина откако беа нападнати претставниците на Обединети нации кои вакцинираа деца против полио во Сваби, северозападниот дел на Пакистан.

Поради нападот вакцинацијата на децата е прекината. Во тој реон од почетокот на годината убиени се седуммина претставници на ОН.

Екипата била нападната на пат од три вооружени лица. Двете жени кои ги носеле вакцините не настрадале, туку само полицаецот, кој им бил придружба.

Пакистан, Авганистан и Нигерија се единствените земји во светот каде детската парализа е честа болест. Вакцината против полио во овие земји често се спречува од конзервативните свештеници, кои тврдат дека вакцината содржи елементи од свинско месо, а според други дека вакцината влијае на плодноста.

Вакцинирањето во Северозападен Пакистан беше прекинато кон крајот на декември кога беа убиени девет лица кои учествувале во кампањата. Потоа властите одлучија вакцинирањето да биде обезбедувано од полицијата.

За нападите се уште никој нема преземено одговорност, додека талибанците тврдат дека вакцинирањето на децата е параван за шпионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица