Зоолошката градина Скопје со кампања за заштита на животните

Од:

„За здрави и среќни животни“ е кампања за подигање на свеста кај посетителите на Зоолошката градина во Скопје. Целта на оваа кампања е да се спречат несовесните посетители да фрлаат храна, но и отпадоци во живеалиштата на животните во Зоолошката градина.

„Вчера започнавме со кампањата за заштита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци кои можат да го загрозат животот на животните. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини. Храната која ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни. Прва во улога на ЗОО неговател ни се приклучи пејачката Тамара Тодевска со ќеркичката Хана. На Тамара ќе и се приклучат и многу други јавни личности- спортисти, пејачи, актери кои ќе бидат во улога на ЗОО негователи и ќе ги предупредуваат и едуцираат несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна кај животните“- соопшти директорот Ѓорѓи Галетановски.

Би можело да ве интересира

Нема да поскапи билетот за ЗОО, се отвори прашањето дали в.д. директорот е законски поставен

Кристијан Ландов

Ограбена скопската Зоолошка градина

Скопска зоолошка добива Бејби Зоо

Ана Ололовска

Зоолошка градина Скопје донираше 100 илјади денари за Сара, покрај собраните 50 илјади на хуманитарната забава

Наум Локоски

Зоолошката градина во Штип доби мече

Ана Ололовска

Пет години затвор им се заканува на кавадарчаните што украдоа мајмун

Ана Ололовска