Зоолошката градина во Штип доби мече

Од:

Штипската зоолошка градина доби машко мече, кое е подарок од проф.д-р Јовица Угриновски.

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип, Ангел Бојаџиев истакна дека новиот жител на Зоолошката градина ги има сите услови за живеење.

– Живеалиштето е подготвено, го вселивме и мечето веќе се запознава со самото живеалиште. Голема благодарност до професорот, кој не само што го донираше мечето, туку целата грижа околу исхраната ќе биде негова до крајот на животот на мечето, посочи Бојаџиев.

Мечето е од расата Урсиде, кое во рацете на докторот Угриновски дошло кога полиција му го донела повредено за да го спаси. Тоа првично било згрижено во Зоолошката градина во Скопје, од каде со посебна процедура е пренесено во Штип.

– Најдено е напуштено на превојот Блаце од припадници на специјалните единици. Ми го донесоа мене, имаше повредена задна десна нога. Го оперирав и го чувам од малечко досега. На возраст е од година и седум-осум месеци и околу 80 килограми тешко, рече Угриновски.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски