Пет години затвор им се заканува на кавадарчаните што украдоа мајмун

Од:

Кавадарчаните што вчера попладне го украдоа мајмунчето Лука од Зоолошката градина, по што беа фатени и приведени, а мајмунот вратен во своето живеалиште, ќе одговараат за тешка кражба по Кривичниот законик. Законот предвидува затворска казна од една до пет години доколку кражбата е сторена на дрзок начин, со кршење или провалување во затворени простории, со совладување препреки или на друг начин совладување поголеми пречки, а од страна на повеќе лица здружени заради вршење кражба.

Има олеснителни околности доколку вредоста на предметот е помала и доколку сторителот имал за цел да присвои предмет од таква вредност. Во тој случај ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, стои во законот.

Според веб сајтовите за продажба на млади примати од овој вид, цените се движат над 3.000 до 5.000 евра, па и повеќе. Од Зоолошката градина соопштија дека се работи за мајмунче на возраст од 1,5 година, од видот павијан.

Според изјавата на 26-годишната кавадарчанка, го украла мајмунот затоа што ќерка и плачела по него секогаш кога ќе го видела. Кражбата била испланирана така што мајката го викнала својот 31-годишен пријател на помош. Во Зоолошка градина влегле со алат за да ја пресечат оградата. Откако го направиле тоа и го земале мајмунот, го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата. На другата страна ги чекало такси. Се упатиле кон Кавадарци, но полицијата ги пресретнала пред влезот на градот.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари