ГДУ: Изборот на ДИК не треба да се користи за блокирање, но ни блокадите не треба да се решаваат со носење на закони на сила

Од:

Граѓанско демократската унија со писмено соопштение реагира на ситуацијата околу изборот на ДИК.

„Едните блокираат, другите ја заобиколуваат процедурата и носат законски измени на сила. Каква слика за Храмот на демократијата – „демократија“ на дело.

Изборот на членови на ДИК со двотретинско мнозинство не смее да се претвори во контрпроуктивен инструмент за блокирање, но ваквите блокади не се решаваат со носење на законски измени на сила.
Сите вакви чекори не оддалечуваат од европските вредности. Граѓаните се заложници на „партиските интереси“.

Дијалогот, разумот и компромисот се основите на демократијата. А демократијата бара компетентни политичари.

Затоа апелираме до лидерите кога ќе седнат на заедничка маса, интересите на Македонија и интересите на граѓаните да ги стават на прво место.

Граѓаните се тие кои одлучуваат за својата земја и нивната волја треба да се почитува.

Но каква порака се испраќа со ваквото однесување и на власта и на опозицијата, без грам одговорност?

Државната изборна комисија мора да се формира, мора што поскоро да стартува прочистувањето на Избирачкиот список и да се почне со сериозни подготовки за реферндумот.

Повикуваме на разум. Тоа им го должите на граѓаните“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“