ГДУ предлага намалување на бројот на пратеници и една изборна единица со отворени листи

Од:

Ѓорѓи Трендафилов од Граѓанско демократската унија денеска на прес-конференција предложи нов изборен модел со една изборна единица и отворени листи.

– Состојбата кај нас не го отсликува принципот на поделбата и контролите на власта на законодавна, извршна и судска. Очигледната кооперативност доведе до корумпираност меѓу нив, рече Трендафилов.

– Граѓанско демократската унија предлага промена на Уставот и промена на членот 62, со кој би се намалил бројот на пратеници од 120 на 90. Воведување на уставна процедура за распуштање на собранискиот состав и воведување на пропорционален изборен модел со отворени листи, рече Трендафилов.

Тој објасни дека тоа би значело предлог листа за пратеници предложена од група граѓани да се избира без цензус, предлог листа од една политичка партија со цензус од 3 отсто, предлог листа од две партии со цензус од 5 отсто, додека предлог листа предложена од три или повеќе политички партии да се избира со цензус од 7 отсто од гласовите.

– Кандидатските листи се отворени, што значи освен за листите, гласачите ќе гласаат и за кандидати од листата, рече Трендафилов.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“