Во германски циркус слон турна друг слон во публиката

Од:

Индиски слон од циркусот „Крон“ во германскиот град Oснабрик за време на претставата „отстапи од сценариото“ и со глава удри во друг слон, при што го турна во публиката.

Инцидентот предизвика шок меѓу присутните, а едно лице се здоби со неколку помали гребнатини.

Циркусот соопшти дека станува збор за несреќен случај и дека сите вклучително и повреденото лице останале да ја догледаат претставата до крај.

Несреќата се случила за време на точката во која три слона биле јавани од страна на циркуски акробати.

Во врска со овој случај реагираше здружението за заштита на животните ПЕТА, кое оцени дека дивите животни не можат да бидат адекватно згрижени во циркусите и дека треба да се воведе забрана за нивно држење во несоодветни услови.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он