ГДУ: Вицепремиерот Хазби Лика да излезе во јавноста и да видиме дека нешто работи

Од:

Граѓанско демократската унија го повика вицепремиерот Хазби Лика да излезе во јавноста за да се види дали нешто работи.

„Не портпаролот Мухамед Хоџа, туку вицепремиерот Хазби Лика треба да излезе во јавноста.

Прво да видиме дека нешто работи, како што тврди владиниот портпарол.

Второ на јавноста мора да и одговори и тоа со бројки колку од административците по Рамковен прераспределил. Колку од нив одат на работа, колку седат дома, а плата си тече. Колку пари од државниот буџет се долеваат за неработење?

Според законот три дена ако не се појавиш на работно место без образложение, автоматски добиваш отказ.

А законот нели мора да биде еднаков за сите, за тоа се бореа оние кои ја формираа Владата.

Законот мора да важи и за Хазби Лика и за оние кои наводно ги распределува.

А според се што се изнагледавме и изнаслушавме, очигледно во оваа држава која се стремиме да биде правна, принципот на „заштитени мечки“ и „привилегирани граѓани“ продолжува беспрекорно да си функционира. Само треба да си член на ДУИ и можеш да си правиш што сакаш.

За жал тоа е така кај нас, а во европските држави за исплаќање на лажни плати и за непочитување на закони има одговорност.

Време е да се разбудат институциите, во спротвно никогаш нема да бидме подобри и нема да стигеме до крајната цел – Европа“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“