ГДУ: Додека се занимавате со вооружени рации по скопските клубови, вистинските криминалции си работат слободно

Од:

Од Граѓанско демократската унија со соопштение реагираат на синоќешната акција на полицијата во скопските дискотеки.

„Дали МВР почна да работи на „реформи“? Дали почна „вистинската“ борба против криминалот и корупцијата?

Дали тоа што вчера се случуваше во Скопје, за министерот Спасовски значи подигање на нивото на работата на полицијата?

Дали трауматизирањето на младите, оние малку кои останаа во државата е решителноста за која зборуваше министерот, за справување со вистинските проблеми на ова општество?

Министре за каква правда и за каков мир се боревте вие? За каква подобра перспектива на младите зборувавте додека со нив заедно секојдневно бевте по улиците и им ветувате подобар живот?

Додека се занимавате со вооружени рации по скопските клубови, вистинските криминалции си работат слободно.

На јавноста мора да и одговорите зошто демонстриравте сила со автоматски пушки среде дискотека полна со млади луѓе?

Бруталноста од минатата ноќ и сеење на страв е недозволива.

Наместо да ги охрабрите младите да останат во оваа држава, вие со ваквите ваши бизарни акции уште повеќе ги туркате кон излезната врата.

И да не се разбереме погрешно, во ред е да има рутински контроли, но не вооружени полицајци да влегуваат во клубовите, да се апсат сопствениците ако се спротистават на бруталноста и да се сее страв“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“