Премиерот на Етиопија Хајлемаријам Десалегн денеска го презеде претседавањето со Африканската унија (АУ) на самитот на организацијата што се одржува во Асис Абеба.
Десалегн, чиј мандат е една година, доаѓа на местото на претседателот Томас Бани Јаји, кој изјави дека се надева оти новиот претседавач ќе оствари напредок за постигнување на единство, мир, стабилност и развој на африканскиот континент.
Премиерот на Етиопија наведе дека му е чест што ќе претседава со организацијата што е стара половина век.
Тоа е 20. самит на АУ, на кој главна тема е француската воена интервенција во северниот дел од Мали. Претседатели и премиери од 54 држави од панафриканската организација ја почнаа средбата со минута молчење во почит на поранешниот претседател на Гана, Џон Ата и поранешниот етиопски премиер Мелес Занави кои починаа минатата година.
На дводневната средба на АУ ќе бидат анализирани и состојби во други конфликтни зони во Африка меѓу кои и источниот дел од ДР Конго, во Гвинеја-Бисао и ЦЦентралната Африканска Република.
Ситуацијата во Мали ќе биде разгледана и на донаторска конференција в среда во етиопскиот главен град.