Ден по парламентарните избори во Грција, шефовите на држави или на влади на 20-те најважни индустриски и земји во подем се среќаваат во мексиканското летувалиште Лос Кабос.
На состанокот ќе се обидат да најдат решение како да се олесни глобалната економија, обезбедувајќи нова поддршка за фондот за помош на Меѓународниот монетарен фонд и за Грција, јавува АФП.
Средбата, чиј домаќин е мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон, ќе трае три дена.
Европските лидери на состанокот одат со олеснување по изборите во Грција на кои мнозинството граѓани се одлучија за партии кои ги подржуваат мерките за штедење.