ГДУ: Како да добиеме чиста слика за тоа што се случува позади маглата од спинови и фејк њузови

Од:

„Најпрво би сакал да го поздравам постигнатиот Договор помеѓу Заев и Ципрас и се надевам дека успешно ќе биде реализиран како би влегле во друштвото на цивилизираните народи.

Живееме во услови на масовна медиумска пропаганда и е многу тешко да добиеме чиста слика за тоа што всушност се случува позади маглата од спинови и фејк њузови.

Еве неколку совети како да добиеме појасна претстава во нашите глави:

1.Мотивот е секогаш стекнување на Моќ.

Сите ние се прашуваме овие 27 години на квази-независност зошто сите досегашни Влади водеа погубни политики. Најчесто објаснувањее дека е тоа поради лошото владеење на дуополот СДСМ-ДПМНЕ, други ги обвинуваат малцинствата, трети Блгарите и Грците, четврти говорат за теории на заговор итн.

Вистината е дека ирационалното однесување на досегашните македонски политичари може да се објасни преку основниот човечки импулс за стекнување моќ и влијание над граѓаните, комбинирано со фактот дека социопатите силно се стремат кон позициите на моќ.

Кај нас и на Балканите, се уште владее синдромот на стадо на чие чело треба да стои Пастирот и страв од тоа да не се биде “тринаесто прасе”. Сето ова, во услови на недостаток на емпатија, постоење на комуникациски и финансиски системи за контрола, води кон апсолутна моќ.

2.Парите како награда за Социопатите.

Волјата да направиш се за да напредуваш, да се “излигавиш” до врвот, да го предадеш секого кој треба, да му го “начукаш”, да го згазиш колегата или конкурентот, ќе биде наградена во сегашниот Систем. Ако уште им исплаќаш на вработените бедни плати, го кршиш Законот, имаш влијание врз пратениците, министрите, градоначалниците, тогаш ќе бидеш многу повеќе награден. Луѓето со чувство на емпатија не се волни да прават такви нешта додека социопатите и психопатите се.

3. Богатството ја убива Емпатијата.

Поседувањето на огромно богатство го убива чувството на емпатија кон луѓето. Повеќето негуваат чувства кон своите семејства, колеги, работодавачи, другари и познаници со цел да ја осигураат својата безбедност и социјален статус додека богатиот едноставно може да ги купи тие работи.

4.Парите се Моќ.

Сведоци сме дека обичниот Граѓанин нема никакво влијание врз креирањето на политиките и однесувањето на политичарите додека транзициските махери поседуваат големо влијание. Тие преку лобирање и донации во кампања, легално ги подмитуваат избраните политичари, што значи дека парите се претвораат во политичка моќ. Ова создава владејачка класа која што ја користи својата моќ да го зголеми своето богатство, а на сметка на осиромашените граѓани кои полесно можат да бидат контролирани.
Затоа СДСМ-ДПМНЕ и нивните пајташи-бизнисмени агресивно ги потиснуваат сите движења кои се против статус квото и се за системски промени.

5.Контрола на Медиумите.

Јасно е како ден дека повеќето медиуми во Македонија се во сопственост на плутократите кои со првите поголеми пари основаа медиуми за да си купат заштита и медиумско влијание. Огромен проблем е тоа што вешти манипулатори се пробиваат кон влијателни позиции во Медиумите и Владата. Тие се мотивирани од лични себични амбиции, а не алтруизам. Тие се верни слуги на владејачката класа и стојат позади сите про-естаблишмент наративи кои одненадеж почнуваат да циркулираат во јавноста преку тинк-тенкови, невладини и медиумски платформи.
Благодарение на Интернетот и социјалните мрежи, граѓаните поседуваат моќни алатки за формирање на своите ставови.

6. Вистината започнува со Вас.

Не можете да го измамите измамникот. Немојте ни да се обидувате.Тие имаат долгогодишно искуство бидејќи освен измами друго ништо не ни прават.Згора на тоа и се здружени, па така ако ја играте нивната игра, сигурно ќе изгубите. Единствен начин да се победи е да се биде искрен со самиот себе. Бидете искрени со себе за тоа кои сте и што сакате. Само со вистина и искреност можеме да ги победиме овие транзициски никаквеци“, се вели во соопштението на Александар Тодоровски, член на УК на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“