• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ГДУ: Можеби на Балканот заврши „натпреварот со истории”, можеби започнува поинакво поглавје

by А1он18/06/2018 - 14:41156
Share0

„Можеби денеска на Балканот заврши „натпреварот со истории, фаланги, споменици и митологии”. Можеби денеска почнува едно поинакво поглавје во развојот на Балканот.

Добивај вести на вибер

Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, несомнено заслужуваат признание за досегашните напори за надминување на спорот кој постои меѓу Македонија и Грција, иако сме свесни дека недовербата меѓу двете земји е сѐ уште на високо ниво.

Велиме можеби, затоа што дел од македонската јавност вчерашното потпишување на Договорот го смета за национална катастрофа. Затоа, премиерот и неговите соработници треба за момент да заборават на секаков триумфализам и објективно и во добра волја ги изложуваат практичните аспекти на Договорот одново и одново. Евентуалната реализација на Договорот се однесува на целата нација, а не само на партиската база.

Од претседателот на најголемата опозициска партија (кому искрено му посакуваме добро здравје и долг живот) очекуваме исто така агрументирана позиција , изразена со јасен политички речник.

Би било умесно, граѓаните кои имаат намера (на што имаат право) да учествуваат на евентуални протести, да обрнуваат внимание затоа што нивната искрена загриженост може да биде лесно злоупотребена ( спомнете си само на двајцата високи полициски функционери кои најдоа засолниште во Грција).

Органите на редот и мирот (двајцата функционери кои се во Грција ви беа колеги и претпоставени, а вам ви избегаа пред нос) треба да имаат на ум дека нивната професионална репутација во очите на јавноста е сеуште на ниско ниво, и на евентуалната примена на физичка сила јавноста нема да гледа благонаклоно, довербата допрва треба да ја заслужите.

Граѓанско Демократската Унија, со сиот свој капацитет, без оглед колку тој капаците е скромен, ќе стори се што може да влијае врз оваа крајно неприфатлива состојба на недоверба, омраза и антагонизам во македонското општество. Таа состојба за жал е резултат на политичката исклучивост меѓу главните политички фактори во земјава, но последиците ги надминуваат партиските бази.

Конечно, предизвиците кои се пред нас се и онака комплексни и ГДУ кон истите ќе се однесува со должно внимание, истите да се решаваат, а не продлабочуваат“, се вели во соопштението на Граѓанската демократска унија.

gdu

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on04/01/2024 - 16:0604/01/2024 - 20:34

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска03/07/2020 - 13:56

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов25/05/2020 - 14:1725/05/2020 - 14:51

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он17/05/2020 - 17:39

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска15/12/2019 - 14:5515/12/2019 - 14:55

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“

Татјана Ташкова09/08/2019 - 18:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен