Европа ќе го добие првото прифатилиште за слонови кои својот живот го минале в циркуз. Тоа ќе биде отворено во централниот француски регион Лимузен, а слоновите ќе имаат голема површина за движење, соопшти организацијата за заштита на животните „Ворлд Анимал Протекшн”.
Сместувалиштето ќе биде отворено во соработка со добротворното друштво „Елефант Хевн”, а во него ќе се најдат циркуски слонови, што се користат по европските циркузи, и ги има повеќе од сто.
– Вакво место за слонови досега немаше во Европа, и пресреќни сме што сега ќе можеме да им подариме сигурен дом, истакна Тони Верхулст, соосновач на „Елефант Хевн”.
Голем број европски држави забранија користење диви животни во циркуз.