ГДУ: ОЈО повеќе од една година одбива да одговори дали се уште работат стручни соработници со фалсификувани дипломи

Од:

„Правосудството, борбата против корупцијата и човековите права се трите теми содржани во поглавјето 23 од пристапните преговори за зачленување во Европската Унија.

Во пракса, реформите во овие области во земјава се спроведуваат на следниов начин:

Пред само неколку месеци претседателот на Советот на јавните обвинители Коле Штерјев, незаконски ја избра внуката – избрканата обвинителка од СЈО во Обвинителството за организиран криминал и за тоа јавно призна, а сега слушаме како истиот тој сакал повторно да ја протурка за виш јавен обвинител и другата обвинителка на која СЈО и даде црвен картон, а која важи за близок човек на функционер од ДУИ.

Основното Јавно Обвинитилство – Скопје, повеќе од една година одбива да одговори дали се уште работат како стручни соработници лицата кои со фалсификувани документи се пријавија на конкурсот за јавни обвинители.

Одложен е изборот на шефови на 20-на обвинителства во државава меѓу кои и скопското и Обвинителството за организиран криминал, со образложение од “потреба од дополнителни документи на кандидатите”
И се додека погоре наведените факти не бидат заменети со “отпуштени се 100 обвинители и судии” или “ покренати се 100 кривични обвиненија за судии и обвинители… “реформите во овие области ке бидат наменети за понатамошно “негување”на системски нефункционален и корумпиран правен поредок, за кој ке се дебатира на бесконечни “работилници и семинари” во Маврово и Охрид.

Довербата во институциите прво треба да се врати кај нас, кај граѓаните на земјава, а потоа и пред меѓународните организации.

Како што досега стојат нештата, и понатаму се вложува само во недовербата“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“