ГДУ: Велосипедистите не се урбана опрема

Од:

„Кога полнењето на резервоарите e луксуз, на локалните скопски власти им успеа мерката за помасовно користење на велосипедите како превозно средство.

Но, почитувани градоначалници, тоа не е поради субвенциите кои ги давате, туку заради акцизата на горивото, стокмена од двоецот без кормилар, Анѓушев-Тевдовски а за која Собранието даде зелено светло.

И среќа што сега времето е топло и суво па може скопјани да возат велосипеди, секојдневно покажувајќи ги своите акробатски и каскадерски вештини. Тие секако, треба да внимаваат како ќе стигнат до работните места и да се потрудат да стигнат живи и здрави. Мислам,навистина да се потрудат.

Освен неколку велосипедски патеки по главните сообраќајници и кејот на Вардар, движењето со велосипед низ Скопје е како потрага по возбудливи приказни. Нивната безбедност е загрозена а локалните власти се фалат со популистички мерки за субвенции за велосипеди. (да бидам искрен, безбедни се само оние што се движат во возила со придружба, со џипови и со возила без рег. таблички)

И таму каде што ги има велосипедските патеки, ги уништивте, затоа што врз нив поставивте и автобуски постојки. Наместо да го решите, вие успеавте да создадеде уште поголем хаос во сообраќајот!
Бидејќи акцизно не стимулирате нас граѓаните и очигледно не им оставате избор, тогаш преземете мерки за да се избегнат несреќи.

Потребен е сообраќаен проект кој ќе се однесува на Градот Скопје во целина, игнорирајки ги овековечените глупости од типот – Добре дојдовте во Општина Центар и сл.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, просто мора повеќе да се потруди и да им овозможи на стручните лица во градската администрација нивните проекти да се спроведат во дело. Впрочем, многу нешта немаат врска со политиката, туку само со квалитетот на нашето секојдневие“, се вели во соопштението на секретарот на ГДУ, Димо Петкоски.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“