Хилда Кнот наскоро ќе го прослави 86-от роденден, а игра компјутерски игри веќе 40 години. Како што вели оваа симпатична баба, компјутреските игри и помагаат да остане ментално активна.
– Уживам пронаоѓајќи нешто ново, нешто што првпат не сум забележала, вели Кнот за играта ГТА.
Видео игрите се почесто се користат како еден од начините за помош кои старите луѓе ја одржуваат менталната активност, а експертите предвидуваат дека до крајот на оваа година првпат во историјата ќе има повеќе жени кои ќе играат игри, отколку мажи.