Колев: Идејата за заеднички дипломатски претставништва е на Бугарија, не на ГДУ

Од:

„Изненаден сум од ниската професионалност и неинформираност на дел од македонските новинари. Идејата за заеднички дипломатски претставништва е споделена со јавноста од г-ѓа Екатерина Захариева, министер за надворешни работи во соседна Република Бугарија. Во своето излагање во утринската емисија на Бугарската национална телевизија, таа соопшти дека премиерот на Р. Бугарија, Бојко Борисов, му предложил на својот македонски колега на местата каде што двете земји немаат дипломатски претставништва да создадат заеднички по моделот на скандинавските земји.

Мојата позиција која ја објавив на мојата Facebook страна беше со аргументи дека ваков предлог има простор да се прифати. ГДУ не е иницијатор на идејата и е коректно да го одбележиме тоа.

Второ, навистина не можам да сфатам зошто дел од новинарите во земјава не разбрале или не сакаат да разберат дека ГДУ е македонски политички субјект, регистриран во Р. Македонија, согласно македонското законодавство и ги претставува идеите на граѓаните на нашава земја кои живеат, работат и си ги плаќаат даноците овде во Р. Македонија, вклучително и луѓето кои се декларираат како Македонци со бугарско потекло т.е Бугари.

Ние веруваме во граѓанскиот концепт, во филозофијата на еднаквост на граѓаните на Р. Македонија пред Уставот и законите на нашата татковина и некако не би сакале да ја прифатиме идејата за етничките концепции на политичките субјекти во Македонија. Сите обиди за саботирање се класичен пример на инсинуации и непрофесионализам, кои може само да го потврдат моето убедување дека дел од новинарите повеќе си ги сакаат своите политички ментори отколку сопствената професија и можноста да бидат слободни.

Крајно време е да се прифати реалноста дека е возможно да постои политички субјект надвор од двата табори кој е подготвен да ги опстојува своите убедувања и политичка филозофија без значење на отпорот и етикетирањето. Ние веруваме во тоа дека Македонија е и треба да биде татковина на сите нејзини граѓани. Секоја друга опција е празна политичка демагогија“ се вели во соопштението на претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“