Во големи нереди кои што се случија во Јужна Африка повредени се осум српски државјани, а масакр спречија војската и полицијата, кои со истрели од огнено оружје ја смируваа ситуацијата.
Повредените Срби се работници во германска компанија, а тие биле нападните со метални шопки од колеги, црнци, незадоволни што добиле отказ, пишува српски „Курир“. Шестмина од повредени се здобиле со полесни повреди, додека двајца има скршеници и задржани се во болница.
Работниците во Јужна Африка стигнале преку германската компанија „IMR Hamburg GmbH“ и заеадно со Хрвати и Германци работат на изградбата на термоелектрана.
– По налог на јапонската компанија „Мицубиши-Хитачи“ со која што имаме договор, моравме, проади штедење, да отпушитиме дел од локалните работници. Тие беа на градилиштето заедно со нашите работници од Србија, Хрватска и Германија кога им е соопштено дека се отпуштени. Тогаш тие зедоа метални шипки и започнаа да ги тепаат колегите. Нивниот синдикат е доста силен и се противи на отпуштењето црнци. Ние пет години се обидуваме да ги обучиме да ги извршуваат работните обврски, додека работниците од Европа се поквалификувани. При инцидентот реагираа и војската и полицијата. Потешко се повредени двајца Срби и еден Хрват, изјави Драган Чарпина, сопственик на германската компанија, по потекло од Хрватска.
Српскиот конзул во амбасадата во Јужна Африка, Саша Март бил во контакт со повредените.
– Во таа германска фирма работат околу 50 работници од Србија. Проблемот се појавил бидејќи повеќето квалификувани работи биле извршувани од Германци, Срби и Хрвати, а локалното населени е невработено. Афричкото население го нападнало кампот покрај градилиштето каде што се сместени нашите работници, вели тој.
Фото: Курир