Њујоршката Метрополитен опера од 30-ти април почна со изведување на бесплатната опера за бебиња – „Бамбин-О“.
Изведбите се организирани во соработка со стручни лица од њујоршкиот Универзитет Колумбија којшто ќе го набљудува однесувањето на гледачите.
„Бамбин-О“ е дело на шкотскиот композитор Лијам Патерсон.
Операта која раскажува една средба меѓу пилиња и птици трае околу 40 минути и е наменета исклучиво за лица на возраст од шест до 18 месеци, во придружба на барем едно возрасно лице, се вели во најавите.