Селал: Во заложничката криза во Алжир биле убиени 37 странци од осум националности

Од:

Триесет и седум странци, еден Алжирец и 29 исламисти се убиени во операцијата на алжирските сили за ослободување на гасниот комплекс Ин Аменас во алжирскиот дел од пустината Сахара, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на податоци изнесени од алжирскиот премиер Абделмалек Селал.

Триесет и седумте убиени странски заложници се од осум различни националности, посочи премиерот.

Засега тој не кажа која е точно националноста на жртвите. Петмина странци се уште се водат за исчезнати.

Селал појасни дека станува збор за неконечни податоци.

Засега е потврдена смртта на еден Французин, на еден Американец, на двајца Романци, на тројца Британци, на шест Филипинци и на седум Јапонци.

Премиерот на Алжир соопшти дека тројца од напаѓачите биле уапсени.

Тој појасни дека терористите дошле од северно Мали. Меѓу нив имало државјани на Алжир, Канада, Египет, Тунис, Мали и Мавританија.

Селал изјави дека координацијата на нападот му била доверена на канадски државјанин, пренесоа агенциите. Претходно алжирските сили за безбедност соопштија дека документите, најдени во два трупа на исламисти, покажале дека станува збор за канадски државјани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боксерката Келиф во неочекувано издание: Со објава го возвраќа ударот

Предраг Петровиќ

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он