Колев: Срамота, популизам и вулгарност е за огромен успех да се претставува изградба на 28 километри автопат

Од:

„Жално и наивно е ако некој си мисли дека граѓаните на Македонија може да бидат манипулирани со евтина блех музика во режија на СДСМ и смешни видеа на Мисајловски од ДПМНЕ како се градело и како се сакала Македонија.

Господа, тој автопат е изграден со донација од ЕУ, грант од 40 милиони евра пари на европските граѓани од нивните даноци, средства од кредит од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка кој треба да биде вратен од даноците на македонските даночни обврзници како и 6 милиони евра од буџетот кои се пак пари на граѓаните.

Не сум слушнал да сте донирале за автопатот од парите на вашите партии или можеби вашите приватни фирми. Срамота, популизам и вулгарност е да ни претставувате за огромен успех изградба на 28 километри автопат во 2018 година.

Реалноста е следната за повеќе од 6 години сте изградиле 28 километри. Тоа значи сте граделе по 4-5 километри на година. Каков технолошко-градежен успех! Ќе беше смешно ако не е тажно тоа што сѐ ова е дополнето и со скандалите за кеш средствата од АКТОР и скандалите околу ова, како и истрагата на ОЛАФ за злоупотреба на средствата. Наместо да се засрамите од сето ова вие се снимате во видео обраќање мислам на Мисајловски од ДПМНЕ и дури и викате музики, господа од СДСМ.

Ако вашето политичко битие во инфраструктурата се исцрпува со 28 километри автопат изграден за повеќе од 6 години слободно може да се занимавате со „нуклеарна физика“, но не и со политика“ се вели во реакцијата на Петар Колев претседател на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“