Фудбалерите на Хајдук вчера беа поразени од Динамо, по што претседателот на тимот од Сплит, Иван Кос се повлече на барање на навивачите, а денеска на удар на дел од фановите беа фудбалерите. Дел од навивачите од групата „Торцида“ физички нападнале фудбалери.
Инцидентот се случил денеска околу 14 часот во центарот на Сплит, каде што фудбалерите Ахмед Саид, Хисен Мемоља, Хамза Бери, Савас Генцоглу и Марко Футач шетале после болниот пораз. Тие поминувале покрај седиштето на навивачката група „Торцида“, од каде што неколку навивачи истрчале на улица кога ги забележале, пренесуваат хрватските медиуми.
Прв на удар се нашол Саид, фудбалер од Гана, на кого му била замерувано поради лошата игра во последните неколку натпревари. Соиграчите веднаш се обиделе да му помогнат, по што дошло до вербална, а подоцна и до физичка расправија. Најтешко поминал Унгарецот, Марко Футач, кој бил удрен со нога во главата.