Пет милиони денари за нов софтвер за транспортни дозволи

Од:

Пет милиони денари ќе додели Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за најдоброто софтверско решение за распределба на транспортните дозволи и лиценци во домашниот меѓународен патен транспорт. Условите за аплицирање на повикот на ФИТР што трае до 20 следниот месец беа претставени денеска на инфо сесија во рамки на Саемот на ИТ фирми како дел од Дигиталниот самит за државите од Западен Балкан.

– Станува збор за тематски предизвик во делот на обезбедување нов автоматизиран пристап до услугите што ги нуди Министерството за транспорт и врски во делот на обезбедување транспортни дозволи, изјави денеска директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Како што дополни, постојниот систем за таа намена е доста застарен, спор и неефикасен, а се очекува со новиот софтвер да се подобри ефикасноста во процесуирањето на сите барања и издавањето на дозволите, но и да се зголеми транспарентноста на самиот систем.

– Ова е бизнис во кој се вклучени голем број компании, така што има реален интерес начинот и брзината со кој се издаваат дозволите и транспарентноста да биде зголемена, појасни Деспотовски.

На повикот може да аплицираат сите микро мали средни претпријатија кои работат со информациски технологии. Од Фондот за иновации очекуваат голем број квалитетни предлози кои ќе ги оценува комисија со претставници од Министерство за транспорт и врски, како и надворешни лица.

Во критериумите за оценување се наведени иновативноста на решението кое треба да биде функционална и со точна дефинирана техничка спецификација, квалитетот на проектот односно проектниот план да нуди јасно одредена методологија и соодветна распределба на буџетот, како и палн за понатамошно одржување, точни информации, за карактеристиките на хардверот, лиценци за оперативни системи,…

Во критериумите се и капацитетот на апликантот при што предност ќе имаат проектите од компании што веќе спровеле успешни договори за развој на информациски систем или пак успешно завршиле проекти со слично ниво на комплексност во последните три години, а финансиската способност треба да биде со минимален просечен годишен обрт од 15 милиони денари. Кај критериумот за капацитетот на проектниот тим, пак, се наведени проектен менаџмент, бизнис аналитичар, најмалку пет програмери и администратор на бази на податоци. Апликација за изработка на информациски систем за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај, Фондот за иновации ја изработува во соработка со Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

Саша Максимовски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФИТР: Почнува проектот за дигитализација на повеќе од пет милиони оргинални записи на Институтот „Крсте Мисирков“

Ана Ололовска