(ВИДЕО) Заев: Добивме безусловна препорака од Европската Комисија, но се уште имаме нерешени проблеми

Од:

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на денешната прес-конференција изјави дека Република Македонија доби безусловна препорака од Европската Комисија за отпочнување на преговори за влез во ЕУ, но и покрај тоа, државата се уште има проблеми кои мора да бидат решени.

– Ние како Влада, уште од самиот почеток сме транспарентни и не криеме дека се уште постојат проблеми. Од Европската Комисија конкретно истакнаа дека проблемите кои се присутни во економијата, безбедноста, јавната администрација и како и проблемите со корупцијата мора да бидат решени, кажа Заев.

Тој истакна дека ова е историски ден за Република Македонија и дека државата е чекор понапред во европските интеграции, за кои вели дека најзаслужни се граѓаните.

– Граѓаните избраа демократија, на фер парламентарни избори со изборот на оваа влада одлучија Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО што е можно побрзо. Тие ја имаат најголемата заслуга за ова постигнување, посочи Заев.

Премиерот на Република Македонија рече дека досега препораката од Европската Комисија беше замрзната поради политичката криза која ја зафати државата. Со добивање на оваа препорака, премиерот Заев рече дека дефинитивно е надмината кризата и Македонија може да продолжи напред.

– Оваа препорака значи обезбедување на европски стандарди кои ќе се применат во сите институции на државата, што значи подобри услови за граѓаните, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека и најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ не се вратеше во Собранието, Македонија сепак ќе ја добиеше препораката, но со нивното враќање во законодавниот дом заеднички покажале дека не се заборавени државните интереси на Република Македонија.

– Не запираме тука, ова е ветер да продолжиме напред. Сакаме во најбрз можен рок да го решиме проблемот за името со Грција, со цел Македонија да влезе во НАТО до јуни, додаде Заев.

Во врска со замерката на ЕК за корупцијата во државата, премиерот Зоран Заев кажа дека Владата работи на нов закон за анти-корупција и оти нивна цел е поставување на професионалци во Државната комисија за спречување на корупција.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ