„Наместо властите да се знимаваат и да размислуваат за воведување на што повеќе патарини, подобро ќе биде да ги засукаат ракавите и да го направат она што уште пред многу години требаше да се направи, да се воведе еднократен паушален надомест за користење на автопатите без ограничување, кој овозможува тоа да го правите за време од 7 или 10 дена, еден месец или цела година, како што е во Швајцарија.
Овој систем го има и во Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Бугарија. Сличен систем има и во Австрија.
Надлежните најавуваат наместо досегашните три, пет рампи од Скопје до Гевгелија. Граѓанско демократската унија смета дека моделот на плаќање е веќе застарен, но и премногу скап, особено за оние кои секојдневно локално патуваат. Остро реагираме на ваквите најави и бараме плаќање како во Европа. Во спротивно, ако ништо не се промени, покрај останувањето на сите криманални недостатоци на досегашната наплата и возење по уништени автопати, Македонија ќе стане и светски рекордер по број на наплатни рампи по глава на жител.
ГДУ предлага да се воведат месечни, неделни и годишни претплати со налепници. Така граѓаните ќе заштедат,а гужвите и чекањето на нашите патарини во критичните периоди ќе стане минато.
Денес во Европа има неколку различни начини на плаќање на патарините на автопатиштата, но само во Македонија на секои 20-30 километри се инсталирани наплатни рампи и времето што го штедиме во возење по автопат, го трошиме во застанување на патарини. Ова мора да се промени! Само со европски мерки сме поблиску до Европа!