Ангелов: Груевски да постапи како Дачиќ, да ги отстрани сите нелегални споменици

Од:

„Сведоци сме дека Никола Груевски има научено многу работи од владеењето на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ.

Го повикуваме да научи нешто и од неговиот сегашен колега, српскиот премиер Ивица Дачиќ. Да научи како се брани суверенитетот на државата.

Денес рано наутро српската полиција го реализира предупредување дадено од Дачиќ, и го отстрани споменикот на борците од УЧК (ОВПМБ) бесправно поставен во центарот на Прешево“, рече на прес конференција Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

За разлика од цврстиот и непоколеблив однос на Дачиќ, според Ангелов, македонскиот премиер Никола Груевски, „кој себеси се претставува како голем патриот, пред две години нареди изгласување на закон со кој се амнестираа злосторниците од УЧК кои се изживуваа и убиваа невини цивили.

Во неговиот мандат училишта, улици и булевари добија имиња на албански балисти и ветерани од УЧК, поставени се повеќе споменици на борци од УЧК, вклучувајки го и последниот споменик на Адем Јашари од УЧК качен на тенк од АРМ, на само десетина километри од центарот на главниот град, министерот за одбрана заедно со делегација на припадници на АРМ во армиски униформи положи цвеќе на споменик на УЧК, во Скопје и во Слупчане се отворени музеи на УЧК, Македонија беше и сеуште е преплавена со албански знамиња, поглаварот на Исламската Верска Заедница јавно изјави дека „Обединувањето на албанските земји е Божјата волја“ и дека „Албанија ќе има единствена граница“.

„Го повикуваме премиерот Никола Груевски да го следи примерот на неговиот колега, српскиот премиер Ивица Дачиќ, да постапи според законот, и во разумен рок да ги тргне сите бесправно изградени споменици и музеи на екстремистичката УЧК на територијата на Република Македонија.

– Воедно му укажуваме дека лажниот патриотизам одамна не му проаѓа кај македонскиот народ“, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција

Ана Ололовска

Ангелов предлага да се одликуваат тројца починати генерали кои учествуваа во конфликтот во 2001 година

Жарко Настоски

Ангелов: Да излеземе и да гласаме „ЗА“ за нашата иднина, за европска Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бошкоски: Оваа гарнитура од ВМРО-ДПМНЕ дефинитивно заминува во историјата

Ана Ололовска

Груевски: Некои партии кои се во служба на СДСМ може ќе станат дел од новата влада

Наум Локоски