До 13 часот на изборите во Црна Гора излегоа 32,8 проценти од гласачите

Од:

До 13 часот на претседателските избори во Црна Гора гласале 32,8 проценти од вкупниот број гласачи, објавија набљудувачите на изборите.

Одзивот е приближно на ниво на парламентарните избори во 2016 година, а повисок од претседателските избори во 2013 година. Гласаше и поранешниот претседател и премиер Мило Ѓукановиќ, кој е најсериозен кандидат на изборите, со поддршка од над 50 проценти според анкетите. Младен Бојаниќ е најсериозниот опозициски кандидат, поддржан од најголемиот опозициски блок.

Вкупно седум кандидати учествуваат на изборите, а право на глас имаат 532.599 граѓани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски