Само една победа ја дели екипата на Будуќност од освојувањето на шампионската титула во регионалната кошаркарска АБА лига, откако синоќа ја совлада Црвена Звезда со 78:77 и поведе со 2-1 во финалната серија.
Средбата во преполната „Морача“ во Подгорица имаше драматична завршница, а гостите од Белград не реализираа два шута во последните секунди за голема радост на петилјадната публика.
Немања Гордиќ со 17 поени и пет асистенции беше најдобриот поединец во домашниот состав, додека кај Звезда се истакнаа Џејмс Фелдин со 19 и Ален Омиќ со 18 поени.
Четвртиот дуел од финалната серија се игра вечер од 21 часот, исто така во Подгорица.