Овчарот Ендрју Капел се изненадил кога ги броел своите овци и забележал еден млад елен кој се приклучил на неговото стадо во Данвич Хит во Сафолк.
Еленот веќе две недели живее, јаде и спиење со своите стотина нови пријатели и не покажува намера да си оди.
Капел се грижи за овците кои се наоѓаат на имотот, кој припаѓа на англискиот Национален фонд за места од историско значење и природна убавина.
„Ги броев овците, кога го забележав овој мал елен во стадото. Никогаш не сум слушнал дека такво нешто се случило порано. Мислам дека дел од стадото на елени дошле до ливадата, ја прескокнале капијата, а потоа се вратиле назад, а тој не отишол со нив. Изгледа дека го прифати стадото како свое и остана со овците, а и тие се добри со него. Тој во моментов го бара своето место во стадото, се чини дека засега е на дното на хиерархијата“.
На крајот на зиматата, овците ќе бидат однесени назад во својот летен дом, но еленот нема да може да оди со нив.
„Се надеваме дека еленот повторно ќе се приклучи на своето стадо, ако поминуваат одовде”, изјави портпаролката на Националниот фонд.