САД ја блокираа нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во која се бара независна истрага за најновите судири и се повикува на воздржаност во Појасот Газа.
Во петокот избија судири за време на палестинските демонстрации во кои загинаа 16 Палестинци, а голем број луѓе беа повредени.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара „независна и транспарентна истрага“ за судирите.
Нацрт- резолуцијата во петокот ја предложи Кувајт, а во неа се бара независна и транспарентна истрага со почитување на меѓународните права.
Во нацрт-резолуцијата се напоменува правото на Палестинците мирно да протестираат.