Димитров ги прими акредитивните писма од новите амбасадори на Танзанија, Луксембург и Данска

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес ги прими копиите од акредитивните писмана новите амбасадори на Република Танзанија, Големото Војводство Луксембург и Кралството Данска во Република Македонија.

На првиот акредитиран танзаниски амбасадор во Република Македонија, со седиште во Рим, Н.Е. г-дин Џорџ Кахема Мадафа, министерот Димитров му посака многу успех во дипломатската мисија и изрази уверување дека амбасадорот Мадафа ќе остави личен печат во развојот на односите меѓу двете земји. Можностите за продлабочување на односите и унапредување на соработката на билатерален и на мултилатерален план беа главни теми на разговор на средбата.

Димитров ги прими копиите од акредитивните писма и на првиот акредитиран амбасадор на Големото Војводство Луксембург во Република Македонија, со седиште во Луксембург, Н.Е. г-дин Кристиан Бивер. Во таа прилика, беше искажано заемно задоволство од нивото на билатералните односи и соработка меѓу двете пријателски држави и беа рагледани потенцијалните полиња за нивно натампшно унапредување. Воедно беше поздравен текот на реформите и проактивната доброседска политика на Република Македонија, реафирмирана поддршката на Луксембург во насока на нашата европска и евро-атлантска перспектива.

Денешната група на новоименувани амбасадори беше заокружена со предавањето на копиите од акредитивните писма на амбасадорот на Кралството Данска во Република Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г-дин Андерс Кристиан Хоугард. Во срдечниот разговор беше повторена подготвеноста на двете земји за натамошен развој на меѓусебните односи и соработка, со посебен акцент на економската размена. Притоа, амбасадорот Хоугард ги поздрави постигнувањата на Република Македонија во делот на реформите и односите со соседите, уверувајќи дека Кралството Данска останува конзистентен поддржувач на нашите заложби за членство во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија