Цукенберг ја призна грешката: Доколку не успееме да ги заштитиме податоците на корисниците, не ја заслужуваме довербата

Од:

Вредноста на Фејсбук падна за 37 милијарди долари по последниот скандал со користењето на личните податоци од Фејсбук од страна на компанијта „Кембриџ Аналитика“. Богатството на Цукенберг по скандалот се намали за 6 милијарди долари.

Во соопштение Цукенберг рече дека има обврска да ги заштити податоците на корисниците, а доколку не успеат да го направат тоа не ја заслужуваат довербата на корисниците.

– Работиме на тоа да утврдиме што се случило и да се увериме тоа повеќе да не се повтори, рече Цукенберг.

Добра вест е, според Цукенберг, дека најважните потези кои треба да се направат за да не се повтори веќе ова, се превземени пред неколку години.

– И ние правиме грешки. Имаме се повеќе работа, но мораме да држиме чекор. Уште во 2007 кога ја лансиравме Фејсбук платформата, беше замислено таа да ви ги покаже родендените на вашите пријатели, адресите каде вашите пријатели живеат, како и нивните фотографии, вели Цукенберг.

Би можело да ве интересира

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм

Струмичанец објавил компромитирачка фотографија од поранешната вонбрачна сопруга