Груевски ja заврши посетата на Кина

Од:

Премиерот Никола Груевски задоволен од посетата на Народна Република Кина, по завршувањето на презентацијата на македонските можности во Хонг Конг кажа дека првите чекори кои ги направи Владата се одлични.

„Ги презентиравме предностите што Македонија ги има во однос на другите европски држави за водење бизнис, ниските трошоци, ниските даноци, конкурентните плати и се разбира тоа што сме на 22. позиција во светот и на 9. позиција во Европа според условите за правење бизнис.

Најголемиот број од бизнисмените што ги сретнавме тоа воопшто не го знаат и беше одлична можност да им се објасни и да им се кажат предностите и деталите поврзани со таа работа“, изјави Груевски по презентацијата на бизнис форумот.

Премиерот е задоволен од презентацијата бидејќи како што кажа бил пријавен голем интерес кинеските бизнисмени да ја посетат Македонија. Според него никогаш досега ниедна делегација, немала ваков успешен настап во Хонг Конг.

 

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: Се истражува наводното кинеско финансирање на пропалестинските протести во Велика Британија

Паника во британската морнарица: Камери на воени дронови тајно испраќаа податоци во Кина

САД: Кина го дестабилизира регионот со сомнителни изговори

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски

Кина до Јапонија: Не си играјте со оган

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите