Касим Каменица доби отказ и од Војводина

Од:

Ракометниот стручњак Касим Каменица доби отказ и повеќе не е тренер на Војводина.

Управата на клубот реши да ја прекине соработката со искусниот стратег, откако забележа неочекуван пораз во финалето на Купот на Србија од нишки Железничар (19:21), но и поради начинот на кој го водел тимот во финалето и одбивањето со екипата да го прими медалот за второ место.

– Не сакавме да го игнорираме фактот дека шефот на стручниот штаб одби со екипата да го прими медалот за второ место. Тоа е неприфатливо однесување, кое не може да се мери со големината на тренерското име, истакна претседателот на Војводина, Милан Ѓукиќ.

Каменица ја презеде клупата на Војводина пред неполни три месеци, откако сезоната ја започна во ППД Загреб од каде, исто така, доби отказ.

Тој пред една година го водеше и битолски Пелистер кого требаше да го врати на старите патеки, меѓутоа тоа не се реализира.

На функцијата Каменица ќе го замени неговиот помошник Борис Ројевиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кер: Ги гледав кошаркарите на Србија како плачат, ужасно се чувствував, направија се

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Србија ја збриша Канада за финале на Светското кошаркарско првенство

Катерина Ѓуровски

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

А1он

Кокошков веќе не е селектор на Србија

А1он