Модриќ обвинет за лажно сведочење во процесот против Мамиќ

Од:

Жупаниското обвинителство од Осиек покрена обвинение против капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска и една од ѕвездите на Реал Мадрид, Лука Модриќ, поради лажен исказ на сведочењето во судскиот процес против поранешниот директор на ФК Динамо, Здравко Мамиќ, во врска со трансфер на пари од клубот.

Модриќ е обвинет дека на 13 јуни 2017 година на судењето на Здравко Мамиќ и неговите соработници променил еден од клучните делови од својот исказ и тоа во корист на обвинетите.

– Предупреден од судијата дека е должен да ја кажува вистината, тој свесно невистинито изјави дека анексот на договорот за професионално играње фудбал, со кој се регулира поделбата на трансферното обештетување 50-50% меѓу него како фудбалер и клубот во кој играл, го потпишувал секојпат кога ќе го продолжел договорот, како и тоа дека анкесот одново го потпишувал по заминувањето од клубот поради наводна промена на банкарската сметка на која требало да му бидат исплаќани парите. Обвинетиот се товари дека бил наведен да дава таков исказ, иако знаел дека тоа не одговара на вистината, затоа што наведените анекси ги потпишал во време кога веќе играл за нов клуб, по реализацијата на договорот меѓу двата клуба, при што целокупниот износ му припаднал на матичниот клуб“, се наведува во соопштението на Обвинителството во Осиек.

За ова кривично дело е предвидена казна од шест месеци до пет години затвор.

Би можело да ве интересира

УЕФА на Хрватска и ја изрече најголемата казна во историјата поради расистичко однесување на навивачите

Предраг Петровиќ

Почина 15-годишен хрватски фудбалер, колабирал на теренот

Ана Ололовска

Модриќ: Ќе играм за Хрватска и во Лигата на нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хрватска немоќна, Меси и Аргентина ќе се борат за титулата

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Аргентинските навивачи со тенк на улица го чекаат натпреварот со Хрватска

Русите имаат решение за мистеријата од Загреб

А1он