Заев и Гаши ќе разговараат за можна идна соработка на парламентарно и на ниво на извршна власт

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев одржа работен состанок со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши.

На средбата беше разговарано за актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и за економските текови во Република Македонија.

Премиерот Заев го информираше претседателот на движењето Беса, Гаши за текот на преговорите во врска со проблемот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, потенцирајќи дека процесот се наоѓа во суштинска фаза и дека постојат разлики меѓу преговарачките страни, но дека постои оптимизам за изнаоѓање решение кое ќе ги заштити достоинството и идентитетот на граѓаните на двете држави.

Во рамки на состанокот беше договорено дека разговорите меѓу премиерот Заев и лидерот на Беса Гаши ќе продолжат во текот на месец март заради обезбедување идна можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

Арсовски: Движењето ЗНАМ нема да ја поддржи интерпелацијата за спикерот Гаши

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против Гаши

(ВИДЕО) Апасиев: Ако Џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на Гаши