До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Од:

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Митко Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 – годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот.

Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случила по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишниот малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека со полесни повреди се здобил сопатникот на Јанчев.

Во писмото родителите на тешко повреденото девојче, меѓу другото, наведуваат дека имаат сериозна загриженост за влијание врз судскиот процес, бидејќи се уште не е покренато обвинението за овој трагичен настан.

Тие изразуваат сомнеж дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што, како што наведуваат „би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би определиле надлежните органи“. Оттаму бараат од Гаши на дневен ред на Собранието да го стави барањето за одземање на имунитетот на Јанчев.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ го сведе лекувањето на лотарија – пациентите се борат за живот, Клековски за фотелја

Левица: ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ одби три амандмани за борба против семејното насилство и поддршка на жртвите

Под вмровската десничарска чизма, Уставниот суд го укина колективниот договор за културните работници и ги погази работничките права на илјадници вработени

Левица поднесе четири законски измени за забрана на рекламирањето брзи кредити

Левица ја спори владината кошничка: Само 3.256 денари за сите режиски трошоци на четиричлено семејство

Левица: Бараме итно ставање на дневен ред на законските измени за заштита од насилство врз жените

Горан Наумовски