Предењето на мачка го ублажува стресот, несоницата или каква било вознемиреност, токму како што тоа го прават апчињата, потврдија ветеринарите.
Ветеринарот Жан Ивс Гуше од Тулуз и голем поборник на „терапијата со предење“ рече дека таа навика на мачките го смирува човекот и делува како „лек, но без несакани нуспојави“.
– Кога организмот се бори со тешки ситуации како стресот, предењето произведува смирувачки звуци, кои делуваат речиси како музика, објасни Гуше. Тој истакна дека предењето, кое има ниска фреквеција, не делува само на човечкото уво, туку и на завршетоците на нервите на кожата, кои ги пренесуваат позитивните импулси во мозокот, јави „Блиц“.
Освен предењето, ветеринарите истакнуваат и уште некои предности на мачките. – Мачката е вечно бебе кое сака да се мази и бара да си играте со неа, што во некои случаи ги надоместува емотивните недостатоци на луѓето без деца, рече Гуше.